Достапни линкови

Тбилиси: Руската армија се враќа во Гори, соопшти грузиското министерство за одбрана


Грузиското министерство за одбрана соопшти дека руската армија повторно се враќала во Гори иако претходно беше јавено дека русите го започнале повлекувањето од централниот грузиски град кој се наоѓа во близина на границата со грузиската сепаратистичка република Јужна Осетија. Истовремено Гори го превземала грузиската полиција. Како за Гори така и за Поти има контрадикторни извештаи за враќање на руските трупи. Имено претходно грузискиот портпарол Шота Утиашвили изјави дека русите се повлекле од Поти – црно морското пристаниште каде е клучниот нафтен терминал. Според планот за примирје, двете страни се враќаат на позициите од пред почетокот на борбите пред една недела.
XS
SM
MD
LG