Достапни линкови

Познавачите очекуваат начелен договор


Од денешната средба помеѓу шефот на државата Бранко Црвенковски и претседателот на Собранието Трајко Велјановски, дел од домашната јавност очекуваат надминување на проблемите. Аналитичарот Хисен Рамадани очекува постигнување на како што вели начелен договор.

„Начелен договор кој беше после усогласен со парламенарните групи околу следот на донесување на следните закони и веројатно нешто за односите позиција – опозиција во самиот парламент.“

Со слично очекување е и поранешниот претседател на парламентот Стојан Андов. Ако се срекаваат почесто,полесно ке ги решаваат проблемите,вели тој

„Проблеми има секогаш, но треба волја и да се решаваат, така што мислам дека ќе се решат и дека ќе се договорат.“

И двајцата сметаат дека во Македонија како млада држава неопходно е проблемите да се решаваат преку политички дијалог.Според Хисен Рамадани ова ни е и поука кој празнини во правниот систем ни се присутни.

„Правниот систем е едно море, една шах табла на која има потези што практиката некогаш ги открива. Вие видете, старите демократии како Британија има преседани што стануваат правни норми.“

Андов пак вели дека доколку и на ваквите средби се покаже дека неможат да се надминат ваквите несогласувања, тогаш можат да се отворат како вистински проблеми. Тој исто така додава дека сепак се побрзало со донесувањето на овие закони.

„Проблемите треба да се решаваат правовремено. Мислам дека малку се избрза. Не ми е јасно зошто се случи тоа така, зошто да се произведуваат такви состојби кога државата е во нормална ситуација.“

Несогласувањата мегу шефот на државата и собранискиот спикер се зголемија откако претседателот Црвенковски одби да ги потпише петте спорни закони бидејки смета дека се донесени спротивно на процедурата, односно за нив е гласано по втор пат без претходно добиено писмено известување од негова страна. Кабинетот на Вељановски пак го одби таквото барање со образложение дека неможе исти закони да се гласаат и по трет пат.
XS
SM
MD
LG