Достапни линкови

Прашањето со името не би требало да стои на патот на приемот на Македонија во НАТО


Прашањето со името не би требало да стои на патот на приемот на Македонија во НАТО. Ова го изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на прес конференцијата во Вашингтон, која главно се однесуваше на конфликтот во Грузија и односите на западот со Русија. Според неа, токму членството во НАТО им овозможува на државите да ги решат долготрајните тешкотии, разлики и конфликти.

,,Ја знаете нашата позиција. Македонија би требало да биде примена во НАТО. Тоа беше позицијата и во Букурешт. Се надеваме дека прашањето со името сега може да биде решено многу брзо. Разговарав со грчките и со македонските колеги. Ова е нешто што не би требало да стои на патот на приемот на Македонија во НАТО и на тоа работиме,, изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на прес конференцијата во Вашингтон, посветена на актуелната ситуација во Грузија, а пред нејзината посета на Париз и Тбилиси. Поврзувајќи ги двете прашања таа и со оценка: ,,Една од причините за Акциониот план за членство во НАТО и самото членство во НАТО е таа што им овозможува на државите да ги решат долготрајните тешкотии, разлики и конфликти под чадорот на колективна безбедносна организација на демократиите. Никој не можеше да верува дека, по распаѓањето на советската империја, разликите меѓу Унгарија и Романија или меѓу Бугарија и Турција ќе бидат решени на мирен начин. Но, под чадорот на НАТО, тоа и се случи. Според Рајс, по советската ера, земјите од Источна и Централна Европа направија транзиција кон трансатлантските институции. Тоа им овозможува да ги решат нивните разлики и ги поттикнува на натамошна демократизација. Затоа Акциониот план за членство е драгоцен и затоа Соединетите држави го поддржуваат за Украина и за Грузија, изјави Рајс која во Тбилиси, како што наведе, ќе ја нагласи силната американска поддршка за грузискиот народ и за нивната демократски избрана влада.

„Грузија е демократска земја на Кавказот која си ги избрала своите лидери. Да се нарече нечиј проект можеби покажува повеќе за начинот на кој Русија мисли за нејзините соседи, отколку за американската политика.“

Изјави Рајс, одговорајќи на претходните забелешки на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за владата во Тбилиси:

„Секако ние разбираме, и тие тоа го пишуваат отворено, дека сегашното грузиско раководство е специјален проект на Соединетите држави и разбираме што Соединетите држави се загрижени за судбината на овој проект. Но, еден ден тие ќе треба да изберат меѓу вистинското пратнерство со Русија или со виртуелниот грузиски проект.“

Одговорот на Вашингтон на ваквата изјава на министерот Лавров е дека Соединетите држави во сегашниот конфликт, веќе избрале. Притоа Рајс и со оценка дека можеби Русија нема прифатено дека е време да ја напушти Студената војна:

„Ова не е илјада деветстотини шеесет и осмата и инвазијата на Чехословачка кога Русија им се закануваше на нејзините соседи, да окупира главен град, да собори влада и да се извлече. Работите се променија.“

Рајс ја предупреди Русија дека ќе се соочи со поголема меѓународна изолација доколку продолжи да го прекршува договореното примирје со Грузија.
XS
SM
MD
LG