Достапни линкови

Интензивирање на притисокот на меѓународната заедница за Македонија да не остане осамен остров


По априлскиот самит на НАТО во Букурешт веке петти месец еден од ретките високи преставници на меѓународната заедница и на светските организации кој доага во земјава е медијаторот во спорот со името Метју Нимиц. Недостигаат високи политичари од западните земји да ги обиколат владините интситуции во Скопје и да се сретнат со нивните први луге. Ниту македонскиот државен врв во овој период не патува многу во странство. Зборувајќи за ваквата состојба универзитетската професорка Биљана Ванковска вели дека последен показател за односот на нашите политичари кон надворешната политика која што ја водат во моментов е нивното неприствитво на отворањето на олимпијадата во Пекинг. Очекувана беше промената на динамиката во нашите меѓународни односи по настаните од 2 април а по големото разочарување на домашниот врв му беше потребно време за отрезнување смета Ванковска

„Меѓутоа, она што јас не можам сеуште да го разберам е зошто во еден таков критичен момент, во кој ни беше даден и некаков дополнителен рок и охрабрување да решиме едно прашање и барем да сме начисто околу нашите шанси за влез во НАТО. Ние влеговме во друг филм, во друга приказна, онаа наша внатрешно политичка.“

Според професорката ние со нашето поведение и однесување придонесовме мегународната јавност да го смени фокусот и начинот на гледање на Македонија

„Ние повторно избиваме како проблематична држава. Зборувам особено за изборите и инцидентите, ние тука направивме чекор наназад.“

Предвремените избори и формирањето на новата влада според аналитичарот Махи Несими се причините поради кои се забавени нашите односи со странство:

„Паѓањето на интересот за средби со македонските власти се однесува на овие исчекувања од тоа што ќе се случи со изборите, после изборите, со новата влада итн. Јас сметам дека од септември ќе се интензивираат сите овие контакти.“

Ванковска пак смета дека притисок за интензивирање на релациите ке дојде од страна на мегународната заедница односно Европската Унија, НАТО и Соединетите Американски Држави

„Целата нова геополитичка ситуација што се случува, јас мислам дека Македонија ќе биде подложена на надворешен притисок да биде дел од меѓународната заедница и нема да дозволат ние да се однесуваме како осамен остров во овој регион.“
XS
SM
MD
LG