Достапни линкови

Вашингтон: Буш побара од Русија да го прекине конфликтот во Грузија


Американскиот претседател Џорџ Буш вчера побара од Русија да го прекине конфликтот со Грузија околу сепаратистичкиот регион Јужна Осетија. Тој додаде дека во тек се напорите на Вашингтон за помош на Тбилиси и дека државниот секретар Кондолиза Рајс при посетата на Франција и Грузија ке ја покаже постојаната американска подршка за грузиската влада. Пред заминувањето од Вашигтон Рајс го предупреди Кремљ дека се соочува со длабока изолација доколку го прекрши постигнатиот договор за примирје. Во Москва пак рускиот минситер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Држави избрале помегу реалното партнерство со Русија и подршката на како што рече виртулениот грузиски проект.
XS
SM
MD
LG