Достапни линкови

Њујорк: Македонија и Грција се согласиле дека основното прашање за разговори е името, изјави Нимиц


Прашањето за името е суштина на проблемот и на тоа треба да се фокусираме. Неговото решавање ќе отвори пат за затворање на многу други прашања, изјави посредникот на Обединетите Нации во разговорите за името Метју Нимиц по вчерашната средба со македонскиот преговарачки тим во Њујорк. Нимиц додаде дека двете земји се согласиле оти основното прашање за кое треба да се разговара е името, како што е предвидено и со Резолуцијата на Советот за безбедност и со Времената спогодба. По средбата со македонскте преставнци медијаторот се сретна и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Како што се наведува во соопштение од прес-службата на Обединетиоте Нации Нимиц планира следната недела да ги посети Скопје и Атина.
XS
SM
MD
LG