Достапни линкови

Кај двете страни отсуствува волја за решение на спорот, оценуваат аналитичарите


На денешните одделни средби на преговарачите на Македонија и на Грција со медијаторот Нимиц во Њујорк според пишувањата на домашните и гричките медуими не се очекува никаков напредок. Такви се исходите пак од речиси сите средби кои се случија во последниве пет месеци односно по самитот на НАТО во Букурешт. Во мегувреме политичарите од Скопје и Атина остануваат со мегусебните обвинувања дека другата страна не е подготвена на компромис. И двете страни се однесуваат исто односно реално немаат воља за наогање на заедничко решение смета аналитичарот Мерсел Биљаљи

„И кај нас нема волја за компромис. Го држат тоа како топ тема.“

Ако и девете старни не се помрднуваат од цвтсите позиции тогаш која е поентата на раговорите? Експертот по меѓународно право Јана Лозановска вели:

„Ова што се случува сега е држење во живот на преговорите, давање на кислород, мислам дека медијаторот сака да ги држи во живот преговорите, што не значи дека ќе даде резултат.“

Инаку во послдениов период Груевски континуирано испарка писма до мегунариодните институдии во кои бара во преговорите да бидат разглеадни парашања за македонското малцинтсво во Грција, протераните македонци и последното статусот на македонската православна црква. Во меѓувреме пак Нимиц и другите преставници на Брисел и Вашингтон постојано исниситираат дека преговорите се водат исклучиво за името. Биљали смета дека со ваквиот однос македонската влада ги одлговлекува работоите а тоа како што вели не е во наша полза.

„Се ме плаши дека името е само алиби за нешто друго. Можеби постои друга стратегија, која се коси со НАТО и ЕУ. Но, мислам дека не постои друга алтернатива, тие што мислат дека постои, се лажат и ќе се убедат дека не е така.“

Лозановска пак препиознава нова стратегија на Скопје која ја оценува како добра. Целта според неа е да се прекинат преговорите кои се водат под покровителството на Обединтет Нации

„Јас сметам дека ова е меѓу фаза кон прекинување на преговорите. Мислам дека нашата страна очекува Грција да изреагира импулсивно и да рече – епа овде нема решение, бидејќи македонската страна ги шири со вакви прашања, мислам дека им е тоа намерата,“

објаснува Лозаносвка.
XS
SM
MD
LG