Достапни линкови

logo-print

На Балканот му престои бурен период, оценуваат воените аналитичари


Поради незатворените прашања околу границите меѓу државните субјекти и на Балканот му претстои бурен период, оценуваат воените аналитичари по последните случувања во Грузија. Сепак, тоа не значи дека на Македонија и се заканува директна опасност за безбедноста, но треба да бидеме претпазливи, предупредува Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност.

„За жал, се појавува новина во гео политиката. Каде што можеме да зборуваме за поврзани садови, иако не се работи за ист регион. Значи, тоа што беше преседан, што меѓународната заедница го направи со Косово, сега фактички Русија го користи со населението што го има во Грузија во двете покраини. Јас сум убеден дека состојбата на Косово не е завршена работа, дека таму престојат силни преструктуирања и се нешто ми зборува дека на Косово сепак ќе дојде до поделба.“

Грузиско-рускиот воениот конфликт може да биде почеток на слични ситуации во светот, каде што и други ентитети би барале отцепување од веќе постоечките држави, вели проф. Владимир Пивоваров од Факултетот за општествени науки.

„Не постои ниту една етничко чиста држава. Сите држави се мулти национални. Тука се јавува главниот проблем. Преседанот Косово, отвори пандорина кутија.“

Информациите пак дека во овој период и Грција распоредува воени сили и изведува маневри на границата со нашата земја, аналитичарите ги коментираат како притисок од другата страна да се реши прашањето со името.

„Грција мислам дека прави разни предизвици, па во склоп на тоа може да се заклучи и натрупување на свои трупи во северниот дел. Но, тоа се само предизвици, без некоја посериозна последица за Република Македонија.“
„Тоа е само покажување заби. Грција е моќна држава воено, која има своја лоби групација во Европа и тука се проблемите што генерално нас не тангираат,“


велат Марковски и Пивоваров

Гледано од геополитички аспект, земјава би можела да ги избегне безбедносните ризици доколку стане членка на НАТО, согласни се експертите.
XS
SM
MD
LG