Достапни линкови

logo-print

Во албанскиот политички блок незадоволство од импелентацијата


Иако креаторите на Рамковниот договор оценуваат дека практично стопроцентно се завршени нормативно-правните обврски кои произлегуваат од него, од албанскиот политички блок го сметаат спротивното. Потпретседателот на собранието Рафис Алити вели дека динамиката со која се имплементираше Охридскиот договор не била адекватна на времето со која требаше да се спроведат законите.

„Многу работи се случија во меѓувреме во Република Македонија, така што и некои закони кои беа донесени од страна на Уставниот суд некои членови се прменети, како што е законот за употреба на знамињата. Така што, не може да се каже дека сто процентно е имплементиран Охридскиот договор, што се однесува на донесување на закони,“

Вели Алити и додава дека законите не треба само да се донесуваат туку тие треба да се имплементираат:

„Оваа влада ќе треба со побрза динамика да ги имплементира тие закони, а не само да ги донесе.“
И од партијата за демократски просперитет една од потписничките на рамковниот договор која по изборите се припои кон Демократската партија на Албанците, не се задоволни од досегашното спроведување на договорот.

„Договорот е направен за сите граѓани на Македониај да бидат рамноправни, а јас таа рамноправност не ја гледам. Јас мислам дека Рамковниот договор е мртов договор,“

изјави поранешниот лидер на ПДП Абдулјади Вејсели.
Од другастрана пак поранешниот претседател на собранието Стојан Андов смета дека Рамковниот договор засега успешно се спроведува

„Рамковниот договор, како концепт, се покажа дека може да и обезбеди повисок степен на безбедност и стабилност. И работата на сите влади до сега, без оглед на извесни колебања итн, одеа кон тоа да се реализираат во целост замислите градени во тој документ.“

Инаку по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје на 13 август 2001 овој договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА и ПДП Арбен Џафери и Имер Имери. Во својство на гаранти,Охридскиот договор го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
XS
SM
MD
LG