Достапни линкови

logo-print

Брисел: Грузија топ тема на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на вонреден состанок во Брисел ќе разговараат за ситуацијата во Грузија, по извештајот на шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, кој во изминатите два дена престојуваше во Тбилиси и во Москва. Се очекува да бидат разгледани и одредени мерки против Русија поради нејзината употреба на сила во Грузија, како и идејата за испраќање невооружени посматрачи и миротворци на ЕУ, кои би го надгледувале примирјето.
XS
SM
MD
LG