Достапни линкови

Њујорк: Нова рунда преговори за името во Њујорк


Посредникот на ОН во македонско-грчките преговори за името Метју Нимиц денеска во Њујорк ќе има одделни средби со преговарачите на двете земји Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Средбата со амбасадорот Димитров ќе се одржи препладне по локално време, а на неа ќе присуствува и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на македонскиот премиер Никола Груевски. Нимиц попладне ќе разговара и со грчкиот преговарач Василакис. Во краткото соопштението од прес-службата на Светската организација не се наведува дали е можна и заедничка средба на медијаторот со двете страни, ниту дали разговорите ќе продолжат и утре.
XS
SM
MD
LG