Достапни линкови

Скопје: Денеска седум години од потпишувањето на Рамковниот договор


Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Седумгодишнината од Рамковниот договор ќе биде одбележана со свеченост во хотелот „Холидеј Ин“ што ќе ја организира владиниот Сектор за спроведување на Договорот. Во соработка со Институтот за политички и интеркултурни студии ќе биде одржана и трибина насловена „Охридскиот договор - искуството, предизвиците и перспективите“.
XS
SM
MD
LG