Достапни линкови

Меѓународни разговори за идниот статус на Јужна Осетија и Абхазија


Рускиот претседател Димитриј Медведев, кој денеска по пет дневните битки нареди запирање на воената операција во Грузија, и францускиот претседател Николас Саркози постигнале согласност за шест принципи за запирање на насилствата во Грузија. Планот, презентиран по разговорите на двајцата лидери, меѓудругото, главно предвидува двете страни – руските и грузиските трупи, да се повлечат на своите првични позиции од пред конфликтот во грузиската отцепена област Јужна Осетија и повикува на меѓународни разговори за идниот статус на Јужна Осетија и Абхазија, двете отцепени грузиски региони. Медведев соопшти и дека руските мировници ќе останат во овие две области. Со усогласениот план Саркози по Москва, ќе отпатува за Тбилиси. На заедничката прес- конференција во Москва, Медведев ги прочита шесте принципи од планот и меѓудргото рече:

„Дали Русија го признава суверенитетот на Грузија. Секако дека го признава. Но тоа незначи дека суверените држави имаат право да прават се што ќе им падне на памет.“

Инаку и покрај денешната наредба на Медведев за запирање на операцијата, и руската и грузиската страна информираат дека битките во некои реони и натаму продолжиле. Зборувајќи во Тбилиси, грузикиот претседател Михаел Саакашвили пак истакна дека грузиската влада ќе ги прогласи оцепените области за окупирани територии. Неколку илјади граѓани пак денеска во центарот на Тбилиси одржаа протести против конфликтот и руската интервенција.
XS
SM
MD
LG