Достапни линкови

Целта на операцијата во Јужна Осетија е постигната


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска изјави дека решил да ја прекине воената операција во Грузија. Тој наведе дека целта на операцијата, безбедноста на руските мировни сили и на цивилите во Јужна Осетија била постигната. Претходно, американскиот претседател Џорџ Буш, најостро досега, ја предупреди Русија да го прифати меѓународното посредство за решавање на кризата.

Рускиот претседател Дмитри Медведев на националната телевизија изјави дека Грузија била казнета за нејзинот напад врз Јужна Осетија во минатата недела.

„Донесов одлука за завршување на операцијата за принудување на грузиските власти на мир. Целта е постигната. Безбедноста на нашите мировни сили и на цивилното население повторно е воспоставена. Агресорот е казнет и претрпе значајни загуби.“

Изјави претседателот Медведев додавајќи дека руските сили ќе сторат се за да ги неутрализираат и, како што рече, некои сили кои се уште даваат отпор во Јужна Осетија. Одлуката на Кремљ за прекин на воената операција во Грузија дојде пред средбата на Медведев со францускиот претседател Никола саркози чија земје претседавач на Европската унија

„Сега ние можеме да разговараме за конечното решавање на проблемот доколку претходни бидат прифатени двата услова кои ги поставивме. Прво, сите грузиски сили мора да се вратат на нивните претходни позиции и второ, потпишување обврзувачки документ за неупотреба на сила.“

Рече претсеадтелот Медведев на средбата со Саркози. Неколку часа пред тоа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека кризата би можела полесно да биде решена доколку претседателот на Грузија Михаил Саакашвили поднесе оставка. Инаку, Саркози поздравувајќи ја одлуката на Москва за прекин на огнот изјави:

„Сосема е нормално што Русија сака да си ги одбрани своите интереси и интересите на русите во Русија и надвор од неа. Но исто така е важно ние, а со тоа мислам меѓународната заедница што сака да го гарантира интегритетот, суверниетот и независноста на Грузија.“

Изјави Саркози во Москва. Синоќа пак, грузискиот претседател Саакашвили оценувајќи дека неговата земја била поделена на источен и на западен дел откако руските војници го зазеле главниот автопат кај градот Гори рече:

„Работиме со меѓународната заедница, но се што добиваме од нив се само зборови, морална поддршка и хуманитарна помош. Ни треба повеќе. Бараме да ги запрат агресорите.“

Освен Гори, осовени биле уште и три други грузиски градови и покрај претходно дадените уверувања на руските власти дека Москва нема намера да влегува на грузиска територија. Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа, со најостри зборови упатени до Русија досега ја предупреди таа земја да го смени курсот во Грузија и да прифати меѓународно посредство за решавање на кризата.

„Русија изврши инвазија врз суверена соседна држава и ја загрозува демократската влада, избрана од нејзиниот народ. Таквите акции се неприфатливи во Дваесет и првиот век.“

Изјави Буш, оценувајќи дека акциите на Русија ги ставаат под сомневање руските намери во Грузија и во регионот и оти ги доведуваат во опасност нејзините односи со Соединетите Држави и со Европа.
XS
SM
MD
LG