Достапни линкови

Бројот на жртвите во Македонија сличен на лани


Секоја година околу осумстотини жени и деца во светот се жртви на трговија со луѓе.Од ова појава не е поштедена и Македонија. Според статистичките податоци на невладината организација Отворена порта од јули 2005 година па до денеска во нивното прифатилиште згрижени се околу педестина клиенти.

„Споредбено со лани, статистичките податоци на Отворена порта говорат дека нема големи промени во однос на бројките за трговија со луѓе. Бројката на згрижени клиентки е иста како и минатата година во ова време. Старостната граница на штитеничките се намалува, односно се поголем број малолетни девојки од 15 до 18 години се вовлекуваат во трговијата со луѓе,“

вели Маја Варошлија менаџер во Отворена порта и додава дека во последните неколку години во Македонија не само што транзитираат жртви на трговија со луѓе туку таа стана и земја од која се регрутираат нови жртви.

„Нашите статистички податоци покажуваат дека има македонски девојки кои се тргувани внатре во државата.“

Поради лошата економска состојба во земјава, се поголем број на млади девојки решаваат да им помагаат на своите семејства, и токму поради тој проблем тие ги прифакаат примамливите понуди за работа, најчесто како келнерки во најразлични барови,а подоцна истите се приморани да даваат сексуални услуги на клиентите во самите локали, посочуваат од Отворена Порта.

„Се поголем број млади девојки се лажат од примамливи понуди за работа. Таму им нудат примамливи дневници, коишто подоцна или не ги добиваат или добиваат мал дел, а принудувани се да даваат сексуални услуги,“

вели Варошлија.

Од таму исто така додаваат дека соработката со Министерството за внатрешни работи е на завидно ниво и дека имаат и добра соработка со невладини организации од регионот.

За да се спречи,односно намали овој вид на криминал. експертите посочуваат дека мерките треба да се насочат на превентивен план со вклучување на сите субјекти во општеството.

„Посебните истражни мерки помагаат во справување со оваа состојба. Но, сеуште немаме професионализација на кадрите кои ги применуваат овие мерки,“

вели Стефан Буџаковски експерт од ова област кој ке гостува во нашата саботна емисија посветена на шверцот.
XS
SM
MD
LG