Достапни линкови

Пекинг: Стрелецот Несторов на последното место, пливачот Ристовски 55-ти од 58 пливачи


Македонскиот стрелец Сашо Несторов го освои последното 51 место во стрелање со воздушна пушка од 10 метри на Олимпијадата во Пекинг. Во оваа дисциплина триумфираше Индиецот Абхинав Биндра.
На олимписките борилишта денеска излегува и знаменосецот Атанас Николовски во двете квалификациски трки во кајак - слалом на диви води, во К-1. Прв од седумчлената македонска спортска експедиција во Пекинг вчера настапи пливачот Михајло Ристовски во квалификациите на 200 метри слободно. Тој го подобри својот личен рекорд и го освои 55 тото место од 58 натпреварувачи.
XS
SM
MD
LG