Достапни линкови

logo-print

Кушнер во обид да ги прекине насилствата


Борбите меѓу руските и грузиските сили продолжуваат во грузускиот сепаратистички регион Јужна Осетија. Посматрачите на Обединетите Нации јавија дека во другатата сепаратистичка република Абханзија, областа Кодори контролирана од Грузија се нашла под руски воздушни напади. Во Тбилиси и Москва во обид да престанат насилствата е шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер.

И покрај грузискиот прекин на огнот борбите во Јужна Осетија продолжија. Над 50 руски авиони извршиле бомбашки напади врз Грузија. Според грузиското министерство за надворешни работи бомбардирани се главниот град Тбилиси, како и селата во Коџори и планината Макхата. Рускиот генерал мајор Марат Кулакметов за интерфакс изјави дека руските позиции околу Чинвали се нашле под оган на грузиските сили при што загинале тројца руски мировници а биле ранети 18. Вестите од двете страни не можат да бидат независно потврдени. Во мегувреме новинските агенции јавуваат за нова ескалација во другиот сепаратистички регион Абхазија. Посматрачите на Обединетите Нации јавија дека долината Кодори била цел на руските бомбардери и дека сепаратистите ги движеле силите кон оваа област во Абхазија контролирана од грузиските сили. Портпаролот на грузиската полиција Шота Утиашвили изјави

„Денеска командантот на руските мировни сили Генерал Чабан и даде ултиматум на грузиската полиција стационирана во Зугдиди и другите грузиски градови на грузиската старна на границата да го предадат оружјето. За нас тоа е акт на окупација. Не треба ни да споменам дека ниту еден полицаец не го предаде оружјето.“

Грузиската влада ја обвини Москва дека се подготвува за нова агресија во овој дел од земјата што пак е демантирано од Москва. Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер вчера во Тбилиси разговараше со грузијскиот претсеател Михаил Саакашвили а денеска Москва со иста цел посредничка мисија за надминување на конфликтот меѓу Русија и Грузија во име на Европската унија.

„Најпрвин прекин на огнот, второ пристап до жртвите, трето контролирано повлекување на трупите и четврто враќање на преговарачката маса. Тоа е жалам, лесно да се рече а многу тешко да се направи“

Американскиот претседател Џорџ Буш во интервјуто за Ен Би Си остро го критикуваше силниот воен одговор на Москва врз Грузија. Тој ги нарече насилствата неприфатливи а рускиот напад- непропорционален и неприфатлив

„Мојата администрација е ангажирана со двете страни во обид да постигне прекин на огнот и велиме дека статус кво за сите трупи треба да биде 6 август.“

Во меѓувреме светот ги анализира причините за настаните во Грузија. Една од нив, според директорот на грузискиот сервис на Радио Слободна Европа Давид Какабадзе, е руското противење Грузија да му се приклучи на НАТО. Тој посочи дека на самитот во Букурешт, Грузија заедно со Украина не го добија Акциониот план за членство и покрај силните американски заложби.

„И тоа не се случи главно поради силното противење на Германските и Француските лидери. Сметам дека тие сега треба да превземат дел од одговорноста за случувањата во Грузија и околу Грузија бидејќи Русија тоа го сфати како сигнал дека има отворени раце да делува и да го засили влијанието врз тие територии. Ве потсетува дека 12 дена по самитот Владимир Путин издаде декрет за директни врски со Јужна Осетија и Абхазија.“

За утре во Москва се очекува францускиот претседател Никола Саркози.
XS
SM
MD
LG