Достапни линкови

Заинтересираноста е голема, велат од општините


Околу шест месеци им остаана на граѓаните да ги откупат дворовите кои не се во нивна туку во државна соптсвенсот. Според законот за приватизација на земјиштето кое го корсистат тоа треба да го сторат најцодцна до почетокот на идната година. Од општините со различни оцени за заинтересираноста на нивните жители. Портпаролот на скопската општина Кисела Вода Тони Чуповски вели дека кај низ заинтресираноста е големa.За да се олесни процедурата која се води преку минситертвото за финасии Чуповски додава дека општита ги вклучива и своите капацитети:

„Општината Кисела Вода ги вклучи и активните месни заедници, каде што секретарите на месните заеднци, особено во село и населба Драчево, ја собираат целокупната документација и ја препраќаат до подрачното одделение сместено во општина Кисела Вода.“

Во Велес пак преставниците на локланта власт велат дека процесот на откуп на државното земјиште се одвива со средно темпо:

„Некаде околу стотина предмети месечно. Понатаму постапката се спроведува преку Министерството за финансии.“

вели Костадин Натсевски раководител на одделенито за комунални работи и додава дека најголем дел од граганите кои им се обракаат веке имаат докази за купортодажба на земјиштето:

„Со тоа тие не треба да плаќаат посебно како сума за откуп на земјиштето. Со плаќањето на таксите се завршува целата работа и го добиваат правото на сопственост. Значи, многу малку има граѓани што се јавуваат за да откупат по пазарна цена земјиште.“

За разлика од овие две општини првиот човек на Гостивар Невзат Бејта се жали дека постапката се одолговлекува затоа што ја води централната власт и сугерира во однос на спроведуавњето на овој закон ингернциите да и се дадат на локланта власт. Затоа вели тој не може да оцени колкава е заинтерсирансота на неговите сограѓани:

„Не доаѓаат кај мене. Не поставуваат прашања за овие случаи. Законот е дециден, јас не одлучувам за тоа. Да одлучувам јас, ќе ги расчистев за три дена овие проблеми и луѓето во мојот град да спијат раат.“

Инаку по првичното незадовоство на граганите поради високите цени за откуп владата на одлучи тие да се намалат за околу 50 проценти.
XS
SM
MD
LG