Достапни линкови

logo-print

Падот на поддршката за влез во ЕУ и НАТО резултат на политиката на владата, оценуваат аналитичарите


Иако поддршката од страна на граѓаните за влез на Македонија во Европската унија и НАТО е голема сепак во последните неколку години таа опаѓа сметаат експертите. Според политичкиот аналитичар Мерсел Билјали ова се должи на политиката на актуелната влада, за која Билјали вели дека ја конзервираат евро-атланската интеграција на државава.

„Пред три години, според сите сондажи, беше околу 95 насто. Сега имаме пад, тоа е поради политиката што се прокламира од сегашната власт, која овие процеси ги конзервира. Тоа е негативно, затоа што тој процес не може да биде компатибилен со европските интеграции. Така што, изгледа веќе се натурализира изразот дека ние можеме и без Европа.“

Со слично мислење е и политикологот Владимир Мисев.Тој вели дека овој благ пад на поддршката на граѓаните за интеграцијата на Македонија во евро-атланските структури се должи на тоа што ЕУ и НАТО не останаа приоритет број еден на владеачката гарнитура:

„Неколку пати до сега слушнавме од вице премиерот и другите министри дека ЕУ интеграциите остануваат приоритет на владата, но де факто, економските реформи во овој момент се во прв план. Така што, јас не ја гледам евро интеграцијата како приоритет број еден во последните неколку години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Останува времето да покаже со колкав интензитет ќе работат, но останува впечатокот дека не се работи со интензитетот со кој се очекуваше по добивањето кандидатски статус.“

Консолидација на политичкиот систем внатре во државата и остварување на сите критериуми кои што беа наметнати од европската комисија,односно зајакнување на дијалогот помеѓу власта и опозицијата,како и помеѓу политичките партии од различен етнички кампус, се само дел од препораките на експертите за тоа како да се зголеми довербата и подршката на граѓаните за влез на Македонија во Европската унија и НАТО

„Јас мислам дека е крајно време тие што носат политички одлуки да се посветат на државата и на луѓето. Поинаку многу брзо ќе сфатат дека прават круцијална грешка.“

„Неопходна е кохабитација меѓу различните гранки на власта, пред се во извршната власт меѓу владата и претседателот. И конечно да се достигне степен на независно судство, како би се зајакнала целокупната доверба во политичкиот систем,“

изјавија Биљали и Мисев.
XS
SM
MD
LG