Достапни линкови

Вашингтон: Буш остро го критикуваше силниот воен одговор на Русија во Грузија


Американскиот претседател Џорџ Буш во интервјуто за американската телевизија Ен Би Си остро го критикуваше силниот воен одговор на Москва врз поранешната советска република-Грузија. Тој ги нарече насилствата неприфатливи а рускиот напад- непропорционален, додавајки дека САД размислува за безрезервен притисок на Русија да престане со одмаздата против Грузија, која се труди да воспоставии контрола брз својата одземена покраина Јужна Осетија. Додека пак нешто пред интервјуто на Буш, потпретсеателот на САД Дик Чејни изјави дека агресијата на Русија не може да помине без одговор, а доколку продолжи тогаш може да предизвика сериозни последици, особено на односите со Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG