Достапни линкови

Пекинг: Напади во кинескиот муслимански регион Синџијанг во кој загинале пет лица


Пет лица загинаа во серија експлозии и престрелки во северозападната кинеска провинција Синџијанг, јави кинеската агенција Синхуа. Напаѓачите користеле рачно направени бомби при што погодиле неколку владини згради и уништиле две полициски возила. Во одговорот од кинеската полиција биле повредени тројца полицајци. Во провинцијата Синџијанг претежно живее муслиманската етничка заедница Ујгури, а сепаратистите од овој регион имаат долга историја на судири со кинеските власти. Неколку дена пред почетокот на Олимписките Игри во овој регион загинаа 16 кинески полицајци.
XS
SM
MD
LG