Достапни линкови

logo-print

Тбилиси: Грузија соопшти дека нејзините трупи се повлекле од Јужна Осетија


Грузиското министерство за внатрешни работи соопшти дека руската војска ја презела контролата врз Цхинвали, главниот град на Јужна Осетија, откако претходно информираше дека грузиските трупи се повлекле од градот и од другите региони од оваа отцепена грузиска област. Сепак руски претставници изјавија дека грузиската војска сеуште е на територијата на Осетија. Во меѓувреме секретарот на Националниот совет за безбедност на Грузија Александар Ломаја изјави дека Тбилиси побарал од Соединетите Држави да посредуваат во разговорите со Москва за решавање на конфликтот. Грузија обвини и дека Русија се подготвува за ,,нова агресија“ во вториот грузиски сепаратистички регион Абхазија каде пристигнале околу четири илјади руски војници. Претходно претседателот на Абхазија Сергеј Багапш инфомираше дека веќе се испратени околу 1000 војници во клисурата Кодори и нареди општа мобилизација во земјата.
XS
SM
MD
LG