Достапни линкови

Македонија под референцата ФИРОМ, премиерот и претседателот не беа на отворањето


91 илјада посетители на стадионот Птичје гнездо и околу 4 милијарди тв гледачи односно две третини од светската полуплација денеска го следеше свеченото отворање на Летните Олимписки Игри во Пекинг. Честа да го запали олимпискиот оган му припадна на поранешниот гимнастичар Ли Нинг. Кинеските власти потрошија околу 40 милијарди долари во изминативе 7 години за подготовка на капацитетите на игрите Пекинг 2008 спорт, политика, човекови права бизнис.

Кинезите се докажаа како мајстори на спектаклот, на светлосни и пиротехничките ефекти, на масовноста на презентација на традицијата. 15 илјади изведувачи ја приредија преставата која го означи формалниот почеток на игрите. Над 2 илјади тапанаи го означија почетокот на церемионијата точно 8 часот и 8 минути по локално време. Надвор од стадионот илјадиници луѓе скандираа.

Присуството на политичарите беше репрезентативно. Џорџ Буш, Владимир Путин, Никола Саркози. Токму францускиот претседател најпрвин планираше да го бојкотира отворањето поради лошото кинеско досие за човековите права и Тибет. Олимписките игри покрај спортот, одамна се и политика, вели Џон Хоберман професор и автор на книгата Олимписка криза, спорт политика и морал.

,,На пример во случајот на Пекинг, владата во посебни спортски училишта испрати околу 400.000 деца и тинејџери само со една цел – некој од нив да освои медаља за Народна Република Кина. Секој пат кога Меѓународниот олимписки комитет ке тргне во бизнис со авторитарни режими, нивните власти ги користат игрите за јавна демонстрација на сопствената моќ."

Американскиот претседател Џорџ Буш пак повикуваме на отвореност и правда, не за да ги наметнеме нашите верувања, туку за да му дозволиме на кинескиот народ да ги искаже своите, рече Буш

Во Пекинг ги нема македонските лидери, Претседателот Бранко Црвенковски и Премиерот Никола Груевски, а таму се лидерите на земјите од регионот. Така, се јавуваше за притисокот кој е извршен од грчката влада и Грчкиот Олимписки Комиетет врз организаторите со цел да не се користи Уставното име на Република Македонија туку референцата ФИРОМ под која Македонија е зачленета во Обединетите Нации и под која фигурираше на претходните игри во Атина и Сиднеј.
За тоа зошто нема македонски државни претставници на Олимписките игри во Пекинг, Премиерот Груевски денеска во Скопје со став дека тие не се настан што е задолжителен за присуство на политичарите.

Во овој период имам доволно обврски и натрупани работи што треба да ги решавам, работи што ги одложувам, а овој период е добра шанса да ги завршам, рече Груевски кој нагласи дека има редовни средби со многу владини претставници на кои има доволно можности да го искаже тоа што е важно за Република Македонија.
XS
SM
MD
LG