Достапни линкови

logo-print

Договорот ги исполни очекувањата, оценуваат аналитичарите


Седум години по трагедијата кај Карпалак и постигнувањето согласност за потпишување на Охридскиот рамковен договор, аналитичарите оценуваат дека договорот ги исполни очекувањата за мирен развој на граѓанското општество и почитување на етничкиот идентитет во една земја.

„Ние сепак во власта имаме претставници на албанските политички партии кои еве добиле на избори, значи имаат легитимно право да одлучуваат и тоа е добар знак дека има иднина оваа држава. Мислам дека сме на добар пат со овој договор.“

вели проф. Мирјана Малевска, во интервјуто за радио Слободна Европа, што ќе го емитуваме во недела

Со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, Македонија покажа дека е пример за тоа како треба да функционира една мултиетничка држава, изјави аналитичарот Махи Несини.

„Генерално, многу работи се надминати, создадена е една друга атмосфера, друга политичка клима, значи една клима на доверба, соживот итн.“

Но, според експертите иако договорот донесе мир и го отфрли насилството како средство за постигнување на политички цели, тој се уште е предмет на несогласувања меѓу политичките фактори во земјава.

„Нормално, има и доста други работи кои треба да се остваруваат што сметам дека граѓаните, односно властите тоа и ќе го направат.“

„Тука многу зависи дали сите ние, не само Албанците, туку и Македонците и другите заедници, сакаме да живееме заедно, можеме да живееме заедно или само така зборуваме.“


На денешен ден за време на конфликтот во 2001 година, во заседа кај месноста Карпалак, на автопатот Тетово-Скопје загинаа 10 прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија. Пет дена подоцна, беше потпишан Охридскиот рамковен договор, со кој заврши осуммесечниот воен судир меѓу државните безбедносни сили и припадниците на поранешната ОНА.
XS
SM
MD
LG