Достапни линкови

logo-print

Хаг: Одбраната на Тарчуловски ќе поднесе жалба


Одбраната на Јохан Тарчуловски денеска ќе поднесе жалба на пресудата на Судскиот совет на Хашкиот трибунал кој на 10 јули му изрече затворска казна од 12 години за случајот Љуботен, потврди адвокатот Антонио Апостолски. Тој изјави дека жалбата опфаќа 15 точки и 15 жалбени наводи, опфатена е целата пресуда, по речиси сите нејзини точки. Судот претходно го одби барањето на одбраната за продолжување на рокот за поднесување на жалбата што истекува денеска. До конечната одлука по жалбата Јохан Тарчуловски останува во притворот во Шевенинген.
XS
SM
MD
LG