Достапни линкови

Свечено отворање на Олимписките Игри


Во Пекинг денеска свечено ке бидат отворени Летните Олимписки игри на националниот стадион Птичје Гнездо. На церемонијата ке бидат присутни над 80 шефови на држави и влади, кралеви и кралици. Меѓу нив нема преставници на македонскиот државен врв. Од друга страна грчките преставници лобираа Македонија да не биде преставена под уставното име туку како ФИР – Македонија и под кодот МКД. Над 10.500 спортисти од 200 земји веќе ги започнаа натпреварите во 28 спортови.

Свеченото отворање на стадионот Птичје гнездо не е случајно на 8. аугуст во 8 часот и 8 минути во 2008 та година, бидејки бројот 8 се смета за среќен број во кинеската традиција во најбројната земја во светот. Најголем спектакл – досега невиден најавуваа кинеските власти држејки ја самата организација како најголема државна тајна. Олимписките игри покрај спортот, одамна се и политика, вели Џон Хоберман професор и автор на книгата Олимписка криза, спорт политика и морал.

„На пример во случајот на Пекинг, владата во посебни спортски училишта испрати околу 400.000 деца и тинејџери само со една цел – некој од нив да освои медаља за Народна Република Кина. Секој пат кога Меѓународниот олимписки комитет ке тргне во бизнис со авторитарни режими, нивните власти ги користат игрите за јавна демонстрација на сопствената моќ.“

Организациите за заштита на човековите права побараа од светските лидери да го бојкотираат свеченото отворање на игрите во Пекинг во знак на протест против состојбата со човековите права во Кина. Меѓутоа во свечената ложа заедно со домаќинот, кинескиот лидер Ху Џин Тао сепак ке бидат американскиот претседател Џорџ Буш, рускиот премиер Владимир Путин, францускиот претседател Никола Саркози, германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот британски колега, Гордон Браун. „Повикуваме на отвореност и правда, не за да ги наметнеме нашите верувања, туку за да му дозволиме на кинескиот народ да ги искаже своите“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш. Во Пекинг ги нема македонските лидери, Претседателот Бранко Црвенковски и Премиерот Никола Груевски, а таму се лидерите на земјите од регионот. Така, се јавуваше за притисокот кој е извршен од грчката влада и Грчкиот Олимписки Комиетет врз организаторите со цел да не се користи Уставното име на Република Македонија туку референцата ФИРОМ под која Македонија е зачленета во Обединетите Нации и под која фигурираше на претходните игри во Атина и Сиднеј. Отварањето на најважниот мулти спортски настан во светот ке го следат милијарди тв гледачи, а спектаклот почнува во 14 сати по македонско и средноевропско време.
XS
SM
MD
LG