Достапни линкови

logo-print

Штетите во земјоделството се проценуваат на 300 илјади евра


И ова лето поголемиот дел од Дебарското поле остана без наводнување. Дефектот во системот на пумпите, предизвикан од крадењето на дел од техниката, не e остранет поради што штетите се многу големи. Над петстони хектари земјоделска површина, остана без наводнување цели три години:

,,Според нашите проценки мислиме дека повеќе од 300 илјади евра изнесува штетата од системот на наводнување и неговото работење.„

Истакнува раководителот на заедницата за води во Дебар, Абдул Кољети. Тој вели дека се направени проекти за санација на овој систем, но поради предвремените избори и формирањето на новата влада, активностите доцнат:

„Правевме проекти и напори за решавање на проблемот, меѓутоа до формирањето на новите органи за системот на наводнување, сме во контакт со Министерството за земјоделство кое ни вети дека ќе се инвестира во дебарскиот систем.“

Податоците кои се добиени до заедницата, од анализите на повеќе експерти, наведуваат дека за санација на системот ќе бидат потребни многу повеќе средства од оние со кои располага заедница:

,,Нашите предвидувања и програми и од ЕМО и од други проектантие се дека ќе бидат потребни околу 200 илјади евра.“

Инаку системот за наводнување на Дебарското поле, беше оштетен пред три години кога дојде до кражба на поголем број на инсталации и бакарни системи од системот за наводнување што се наоѓа на крајбрежјето на Дебарското езеро.
XS
SM
MD
LG