Достапни линкови

Кинеските власти со посебни препораки до жителите на Пекинг


Кинезите се трудат да ги импресионираат посетителите на Олимписките Игри и ветутваат досега најголем спектакл. Но, за да се постигне посакуваниот впечаток, кинеските власти воведоа дополнителни ограничувања и упатства за однесување на граѓаните на Пекинг за време на Олимпијадата.

Кинеските власти им издадоа упаство на трговците, угостителите, таксистите и на другите граѓани на Пекинг, како да се однесуваат кон странците кои ќе се најдат во градот за време на Олимписките Игри. Така, на пример, на таксистите им се препорачува почесто да ги мијат забите, да не јадат или спијат во такси возилата, на полицајците да не пушат и не јадат во јавност, како и да избегнуваат употреба на вулгарни зборови. На жителите на Пекинг им се препорачува да не плукаат на улица, да го почитуваат редот и да не ги прашуваат странците колкава им е платата или сексуалното или верското убедување. Се оди дотаму што Властите им препорачуваат на граѓаните да не носта бели чорапи и црни чевли и да не излегуваат од дома несоодветно облечени. Поголемиот дел од кинезите кои се занимаваат со услужни дејности, за време на Олимпијадата ќе имаат имиња кои ќе бидат лесни за изговор за странците, па така на пример трговецот Лијао Ши Јун, веќе се претставува како Иван. Инаку, кинеските власти превземаа и серија мерки од безбедносен карактер за да се спречат можните инциденти, политички протести и слично, со цел да се прикаже Кина како стабилна држава. Голем број дисиденти и активисти за човекови права се ставени во домашен притвор. Сепак, деновиве тибетскиот духовен лидер Далај Лама даде јавна подршка за Олимписките Игри во Пекинг. Тој изјави дека ова момент на голема гордост за кинескиот народ, а игрите треба да бидат можност за мир и пријателство, изјави Далај Лама. Но, Еден од најголемите проблеми во Пекинг е загадувањето на воздухот. И покрај обемните мерки за намалување на загадувањето, голем број спортисти кои допатуваа во Пекинг имаат забелешки во врска со смогот во градот. Властите отстранија околу милион возила од улиците на Пекинг, а беа затворени стотици фабрики. Инаку, автор на музиката која ќе биде изведувана на церемониите на доделување медали, е познатиот кинески композитор и добитник на Оскар за музика Дун Тан. Музиката, која ќе се изведува на игрите доаѓа од самото срце на Кина, изјави Тан.
XS
SM
MD
LG