Достапни линкови

Истанбул: Неколку бомби фрлени врз општинската зграда во кварт во Истанбул


Неколку рачни бомби биле фрлени врз општинската зграда во истанбулскиот кварт Јускјудар, јавуваат турските медиуми, прецизирајќи дека само една од нив експлодирала и оти притоа биле ранет еден минувач. Очевидци велат дека слушнале четири експлозии и оти виделе како двајца луѓе бегаат на мотор. Нападот уследи по десетина дена откако во експлозија на две бомби во Истанбул загинаа седумнаесет луѓе.
XS
SM
MD
LG