Достапни линкови

Вашингтон: САД ја повикаа Русија да ги избегнува провокациите во Јужна Осетија


Соединетите Држави ја повикаа Русија да ги избегнува провокациите во грузискиот сепаратистички регион Јужна Осетија. Портпаролот на Стејт Департментот, Гонзало Гаљегос изјави дека Вашингтон смета дека сега не е време за провокативни акции од која било страна. Овој коментар доаѓа откако рускиот преговарач во Јужна Осетија изјави дека Русија ќе интервенира доколку нејзините граѓани бидат загрозени во таа република.
XS
SM
MD
LG