Достапни линкови

Белград: Српскиот министер за одбрана ги повика останатите двајца хашки бегалци да се предадат


Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац ги повика преостанатите двајца хашки бегалци доброволно да се предадат бидејќи тоа би било во интерес на граѓаните на Србија и на нив лично. Тој истакна дека земјата е заложник на двајцата осомничени Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ, додавајќи оти не мисли дека откако Србија ќе го исполни условот за соработка со Хашкиот трибунал, за да влезе во ЕУ ќе треба да го признае Косово.
XS
SM
MD
LG