Достапни линкови

Меѓународните аналитичари не очекуваат промена на светската политика кон Србија


Ќе продолжат ли меѓународните притисоци врз Србија или политиката на условувања ќе биде порелаксирана по апсењето на еден од двајцата најбарани бегалци обвинети од Хаг, Радован Караџиќ? Меѓународните аналитичари и експерти не очекуваат промена на светската политика кон Србија.

Соединетите Држави судејќи по изјавите на некои американски политичари ќе продолжат со политиката на притисок врз Белград, со цел што побрзо апсење на останатите двајца бегалци обвинети од судот во Хаг Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ. Европската Унија пак неодамна го одложи ,,одмрзнувањето“ на преодниот договор со Србија, барем до септември, до извештајот на хашкиот обвинител Серж Брамерц за соработката на Србија со Трибуналот во Хаг. Клара О`Донел аналитичар во лондонскиот Центар за европски реформи смета дека Европската Унија не би требало да ја пропушти шансата да ја награди Србија за она што го направи со апсењето на Караџиќ, но таа не е сигурна дека Брисел тоа ќе го стори:

„Интересно е дека слични критики за ЕУ можеа да слушнат и во Украина, непосредно по изборите кога победи ,,портокаловара револуција“. Кога оваа влада дојде на власт и почна да презема одредени реформски чекори, исто така почна да се жали дека не добива никакви позитивни сигнали од Брисел и дека поради тоа ќе и биде тешко да го оддржи темпото во спроведувањето на реформите. Тоа имено и се случи, а сега ист случај се случува и во Србија.“

вели О`Донел. Ниту Марк Алмонд професор на Универзитетот во Оксфорд не очекува промена на меѓународната политика на притисок и успорување на европските интеграции како на Србија така и на останатите земји од Западниот Балкан, со исклучок на Хрватска:

„Притисокот ќе продолжи. Доколку зборуваме за Европската Унија очигледен е уморот од проширувањата. Иако од Брисел има одредни пофалби за Србија и ветуваат дека таа ќе биде наградена со брзо вклучување во ЕУ, верувам дека сите земји од поранешна Југославиј, освен Хрватска уште долго ќе бидат во европската чекална.“

смета Алмонд, кој уште и додава дека таквиот однос од страна на меѓународната заедница ќе придносе за засилување на национализмот:

„Иако приврзаниците околу Тадиќ засега добро се држат, доколку Србија во периодот кој следува не добие адекватна сатисфакција за покажаната соработка, доколку нема одредени бенефиции за нејзините граѓани, тие ќе пристапат кон другата политичка страна – кон радикалите и националистите.“
XS
SM
MD
LG