Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ ја поздравува одлуката на опозицијата – важен чекор за нормален политички процес


По одлуката за враќање на опозицијата во парламентот пристигнаа и првите реакции на меѓународните претставници во земјава кои се позитивни. Сали Браутон од ОБСЕ вели:

„ОБСЕ ја поздравува одлуката на опозицијата да се врати во Собранието и да ги исполни своите должности. Тоа е важен чекор за нормален политички процес.“

Враќањето на опозицијата во парламентот според аналитичарот Мерсел Биљали ќе има позитивно влијание, бидејќи политичкиот дијалог претставува еден од клучните репери од осумте точки кои ги бара ЕУ од Македонија.

„Тоа може да има позитивно влијание врз меѓународната заедница. Сите проекти во Собранието, сите закони ќе треба таму да се дискутираат во една демократски отворена атмосфера.“

Но, професорот Звонимр Јанкуловски има поинакво гледиште и обрнува внимание на како што вели несеризното однесуавње на опзоициајта која според него иницирала вешатчка политичка криза што дава лоша слика за оние што ја практицираат политиката во Македонија а не лоша слика за државата:

„Се работи за детски игри кои ги знаеме од порано, кои беа модел на однесување на одредени политичари. Како тоа ќе се одрази на меѓународната позиција? Видете, меѓународната позиција не зависи од тоа дали опозицијата ќе биде во парламентот или не, туку зависи од тоа како Република Македонија ги исполнува меѓународно преземените обврски за интегрирање во ЕУ и НАТО.“

Но по мерките кои треба да бидат во функција на политичка стбилизација на земјава во пресрет на есенскиот извешатј на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ, политичката разврска на целата ситуција е неизвесна. Остануваат заострени одонсите меѓу владата и претседателот. До ова дојде откао изминатиов викенд се случи давањето аболиција на Зоран Заеев од претседателот Црвенковски и рекцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по одбивањето од шефот на државата да потпише неколку закони што владата во итна псотпка ги донесе во парламентот:

„Односите со претседателот мора да се поправат. Тоа е политичка обврска на претседателот, собранието и сите структури.“
XS
SM
MD
LG