Достапни линкови

logo-print

Загреб: Реакција на хрватскиот претседател Месиќ на изјавата на српскиот претседател Тадиќ


Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изјави денеска дека српскиот претседател Борис Тадиќ мора да има предвид дека бунтот на Србите во Хрватска бил инициран од Белград и оти мора да знае дека тој како шеф на хрватската држава се извинил за злосторствата извршени од припадниците на неговиот народ. Тој со оваа изјава реагираше на изјавата на Тадиќ дека српскиот народ годишнината од операцијата „Бура“ ја одбележува како голема тага и несреќа и оти од Хрватска очекува извинување.
XS
SM
MD
LG