Достапни линкови

Белград: Србија нема да се откаже од заштита на територијалниот интегритет поради евро интеграции


Србија нема да се откаже од заштита на територијалниот интегритет поради европските интеграции. Ова синоќа во Белград го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, наведувајќи дека членството во Европската унија е врвен национален интерес, но тоа не значи оти Србија ќе прифати уцени. Тадиќ повтори дека Србија ќе продолжи да се бори за Косово со дипломатски средства.
XS
SM
MD
LG