Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Најмалку 16 полицајци убиени во кинескиот автономен регион Сјинчјанг Ујгур


Најмалку шеснаесет полицајци биле убиени, а шеснаесет други ранети во денешниот напад врз гранична единица во кинескиот автономен регион Сјинчјанг Ујгур. Агенциите јавуваат дека нападот бил извршен од две лица кои најпрвин со возило влегле во во станицата, по што фрлиле неколку бомби и ги нападнале полицајците со ножеви. Овој кинески регион е познат по повремените напади на локалните муслимански туркмени врз кинеските владини сили.
XS
SM
MD
LG