Достапни линкови

Газа: Судири меѓу палестинските движења Хамас и Фатах при што загинале девет лица


Тројца припадници на Хамас и шестмина приврзаници на Фатах загинале, а околу 90 се повредени во најновите судири меѓу двете палестински ривалски движења во Појасот Газа. Најмалку 12 од повредените биле деца. До судирите дошло во моментот кога полицијата од Хамас, која ја има контролата врз Газа, се обидувала да уапси лице осомничено дека стои зад бомбашкиот напад од минатата недела во Газа, кога загинаа петмина активисти на Хамас. Агенциите јавуват дека околу 180 лица од движењето Фатах бегајќи од судирите, ја преминале границата со Израел.
XS
SM
MD
LG