Достапни линкови

Колумбо: Индија и Пакистан ќе продолжат со мировниот процес


Индија и Пакистан се договорија на продолжат со мировниот процес, по тензиите меѓу двете земји предизвикани од неодамнешниот напад на индиската амбасада во Авганистан, во кој загинаа 60 лица. Пакистанскиот премиер Јусуф Реза Гилани и премиерот на Индија Манмохан Синг остварија разговори, во рамки на самитот на Јужна Азија што се оддржува во Шри Ланка. Лидерите од земјите на Јужна Азија на самитот повикаа на заедничка борба против тероризмот и подобрување на регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG