Достапни линкови

logo-print

Скопје: Зоран Заев и неговите соработници пуштени од притвор


Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници, се пуштени од притвор и рано утринава го напуштиле истражниот затвор Шуто Оризари. Претседателот Бранко Црвенковски вчера донесе одлука за аболиција на струмичкиот градоначалник и неговите соработници, кои беа кривично гонети за случајот со трговскиот центар ,,Глобал“ во Струмица, откако добил известување дека опозиционата СДСМ ќе се врати во работата на Собранието. Во работата на Парламентот се враќа и ДПА откако Црвенковски меѓу останатите пакет закони, донесе одлука да не го потпише и Законот за јазиците.
XS
SM
MD
LG