Достапни линкови

Скопје: СДСМ и ДПА го прифатија предлогот на претседателот и се враќаат во парламентот


Од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски во однос на јавно дадените предлози за надминување на политичката криза и враќање на опозицијата во Собранието, соопштуваат дека двете политички партии СДСМ и ДПА го известиле за прифаќање на неговиот предлог и дека се враќаат во Собранието на Македонија, во ЗЕЛС и воспоставуваат нормална соработка со сите институции во државата.

Како што се вели во соопштението, претседателот Црвенковски денеска потпишал решение за помилување на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и неговите петмина соработници и донел и одлука за непотпишување на указите за прогласување на Законот за употреба на јазиците, Законот за лобирање, Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, Законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура и Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика.

Што се однесува пак до вчерашната седница на Собранието и повторното изгласување на групата закони Претседателот Црвенковски оцени дека се работи за грубо кршење на уставните и законските норми, бидејќи таквата постапка единствено е можна по писменото известување од страна на Претседателот на државата до Претседателот на Собранието, што овој пат не беше случај. Оттука ваквите одлуки на Собранието се невалидни и не произведуваат правно дејство. Со вчерашната постапка парламентарното мнозинство единствено успеа јавно да ја демонстрира својата намера по секоја цена опозицијата да биде истерана надвор од институциите, стои во соопштението.

Претседателот Црвенковски уште еднаш апелира до Премиерот и лидер на парламентарното мнозинство Никола Груевски да ги согледа сите штетни последици од спроведување на ваквите политики.
XS
SM
MD
LG