Достапни линкови

logo-print

Каиро: Уапсен Албанец кој се обидел да влезе во пилотската кабина на авион


Екипажот задолжен за безбедност во авион на „Иџипт ер“ денеска уапси еден патник кој се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот кон Грција, јавија египетските медиуми. Уапсениот е албански државјанин. Тој претходно ја вознемирувал струјардесата и ја фотографирал. Албанецот е предаден на грчките власти откако слетал египетскиот авион.
XS
SM
MD
LG