Достапни линкови

Крушево: Македонија со централна прослава во Крушево го одбележува Илинден


Со полагање цвеќе пред споемникот на Крушевската Република, во Крушево почна централната прослава на двата историски Илиндена

105 години од Илинденското востание и 64 години од Првото заседание на АСНОМ.

Почит на паднатите бранители им оддадоа претседателот на државата Бранко Црвенковски, парламентарната делагација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот за европкси прашања Ивица Боцевски и министрите за култура и за транспорт и врски, Елизабета Канческа - Милевска и Миле Јанакиески.

Денеска сме овде да и оддаме почит на славната илинденска генерација која токму овде, пред 105 години, ги постави темелите на Македонија како самостојна држава, рече Вељаноски во своето пригодно обраќање.

Македонија го чествува Илинден и на Пелинце каде присуствува владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски.
Во битолското село Трново денеска ќе биде одржана 37-та Светска македонска иселеничка средба, во организација на Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот македонски конгрес. Се очекува присуство на повеќе илјади Македонци од Македонија и од светот. Организаторите соопштија дека македонското друштво „Гоце Делчев“ од Врање ќе го слави Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Во Смилево, пак, каде што на Смилевскиот конгрес, во мај 1903 година, е донесена одлуката за кревање на Илинденското востание, Друштвото на писателите на Македонија организира писателска средба, на која ќе настапат 15 членови на оваа асоцијација. Средбата ќе биде одржана во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.
XS
SM
MD
LG