Достапни линкови

Ја забораваме ли иднината задлабочувајќи се во минатото?


Бран на патриотизам или пак на нацинализам е темата на која ја посветуваме денешната емисија. Грчкото вето за нашиот влез во НАТО на самитот во Букурешт според дел од аналитичарите, историчарите, упатените е појодовната точка која потикна во јавноста дебата за нашите корени и потекло па тука можеа да се слушнат и мислења дека македонската нација не само што потекнува од Александар Македонски туку и дека целата бела популација на планетава се македонци. Во една ваква атмосфера во земјава пристигна и племето Хунзи од Пакистан кои за себе твдрат дека се потомци на големиот војсководец а кои на скопскиот аеродром од неодмна наречен Алекснадар Велики беа дочекани токму од неговата фаланга. Во следните редови ќе читате за линијата по која што чекори земјава меѓу минатато во кое што аналитичарите сметаат се повеќе задлабочуваме и иднината за која што тврдат дека помалку и ја забораваме.

И пред грчкото вето во Македонија беше создадена атмосфера погодна за развој на нацинализмот а резулатот од букурешткиот самит на 2 Април само го збарза тој процес - смета политиколот Дане Талески.

,,Во Македонија веќе подолго време постојат предуслови за развој на национализам и пред се водење популистичка политика. Некои од нив, пред се, се должат на фрустрациите од слабиот развој на социо економската ситуација, континуираното осиромашување. Се должат на стравовите коишто луѓето во Македонија ги имаат од своите соседи заради историското минато, се должат на ксенофобијата, стравот којшто го имаме од другите и неможноста да им дадеме доволна слобода на малцинствата, не само на етничките, туку и на било кои други малцинства. Сето тоа е еден конгломерат."

И профеосорот од штуловиот Универзитет Јетон Шасивари се согласува дека нациналиозмот во земјава е во подем но причината зошто тоа се случува токму во овој момент тој ја лоцира во како што вели последната фаза во преговорите за името со Грција во која сега се наоѓаме

,,И токму сега ќе треба да се усвои некакво решение билатерално. Тоа според ставот на владеачката ВМРО ДПМНЕ ќе треба да се верификува на референдум. И токму тука јас ја гледам причината, значи завршната фаза на решавање на овој спор."

Според Шасивари овој нов бран е потикнат и од грчаката и од македонката влада. Во некои последни чекори на владата во Скопје тој препознава како што вели токму такви обиди

,,Сметам дека тука има дејанија и од страна на Грција со нејзините последни потези во НАТО и ЕУ околу името на Македонија и околу идентитетот. Но, од другата страна и владата на Македонија влече популистички и провокативни потези за Грција. Затоа сметам дека Македонија не смее да влезе во играта на Грција, во смисла на подбуцнување на национализмите на двете нации на Балканот, значи на македонската и грчката нација."

За разлика од Талески и Шасивари претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров смета дека во овој момент неможеме да заборуваме за развој на како што вели нацинал штофинизам во земјава. Патриортизмот меѓу Македонците е поттикнат смета Петров за тоа што прв пат некој го отвори прашањето за протераните македонци од Грција пред мегународната јавност. Неговото потикнување не треба да се смета за негативна појава бидејки без патриотизам додава тој не може да функцинира ниту една држава.

,,Национализмот некои на западот го сметаат како национал шовинизам, но национализмот не е декадентна појава на било кое општество, затоа што основата на државата е нацијата."

Еве како пак професорот од Штуловиот Универзитет Џељадин Мурати кој е упатен во ваквите појави ги дефинира наинализмот и патриотизмот

,,Националист во современи услови е патриот. Националист е оној којшто бара ослободување на татковината од зарбеноста. Но, националниот патриотизам се бори за себе, а не и за другите."

Дали овој тренд може да и нанесе и штети на државата и нацијата Според Талески може да се зборува за негативни полседици кои што би ги претрпиле на краток рок и на долг рок

,,Бидејќи владеењето на таква политика, врз основа на националистичка платорма, значи цврст став во однос на проблемот со името со Грција и тоа ствара неможност за наоѓање на компромис. Ние знаеме дека ако водиме националистичка политика и ние и тие нема шанси да се реши спорот. Од друга страна, директно сме условени од Грција, како земја членка на НАТО и ЕУ, согласно на тоа и од НАТО и ЕУ прво да го решиме спорот со Грција ако сакаме да станеме членка на ЕУ и НАТО. Додека не го решиме спорот со Грција нема да станеме земја членка на НАТО и тоа е јасно како бел ден. Секој што се спротиставува на компромис со Грција се спротиставува на нашите евро атлантски аспирации и тоа на краток рок е многу штетно."

Доколку не се интегираме во евроатланските структури додава Талески тогаш нема да има услови за економски развој и политичка стабилност со што нестабилноста која и сега ја имаме во мегународните односи ке ни се пренесе и дома.Професорот Шасивари пак прецизира дека развојот на македонкиот нацинализам би можел да ги загрози меѓуетничките односи во земјава

,,Тука ја гледам најголемата опасност од порастот на национализмот првенствено кај Македонците, бидејќи тоа може многу лесно да го уништи овој евро интеграциски меѓуетнички консензус, и да заврши со поделеност меѓу Македонците и Албанците. Во смисол што за Македонците би било поважно името од НАТО и ЕУ, а пак за Албанците е поважно НАТО и ЕУ отколку името."

Опасноста од овој бран на чувства според аналитичарот Гунер Исмаил не треба да ја претпоставуваме туку може да ја видиме од примерот на она што се случуваше во земјите од регионов во деведесетите години на минатиот век

,,Играњето на тој тип на чувства, особено играњето на тој начин, примитивен и ефтин ќе подразбере еден ден секакви сеништа да бидат разбудени и тоа најсликовите го изразува мислата играње со оган."

Но да се вратиме на почеткот односно на историјата, јавните дискусии за нашето потекло и неговото постојано преиспитување. Токму во минатото историчарите ја наогаат и потпората на она што ни се случува денес. Историчаркта од Институот за национална историја Ирена Стефоска ова го дефиира како процес на вкопување во минатото. Таа смета дека е многу опасно кога генератор на преиспитувањето на македонскиот идентитет и трагањето по неговите корени не се академски туку политичките елити дел од интелектуалците или пак некои медиуми:

,,Колку одите подалеку во времето толку полесно може да се инструментализира минатото за денешни дневно политички цели. Како што и најчесто се случува, значи тоа е класичен образец во националистичките идеологии. "

Приказните од минатото кои сугерираат на нашето старо античко потекло за чија потврда беше искоритсена и посетата на делегацијата на принциот и принцезата на Хунзите кои трвдат дека се потомци на Александар Македонски Стефоска смета дека се добро прибежиште за лошата реалност во која живеат граѓаните

,,Ова е обид и за контролирање на меморијата и може да го набљудуваме и од таква гледна точка, кога на граѓаните им се сугерира што да паметат, а што да заборават. "

И конечно се почестата јавна полемика дали сме потомци на големиот војсководец или пак нашиот генетски код е словенски. Стефоска вели:

,,Војските на Александар поминале меѓу различни народи и тоа некогаш пред две илјади и кусур години. Каква врска имаат војските на Александар, луѓето денес кои случајно по вероисповед се Муслимани, а себе си се декларираат како наследници и ние овдека кои се дефинираме најмногу по словенското наследство кое е афтентичен и симболичен културен код на етничките Македонци."

Со сосема поразлично гледање на минатото е претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров:

,,Словени не се посебен етнос. Тоа е политичка опсервација за целосно иселување на Македонците од нивните автотони огништа. За да некој друг наметне концепт на сопственост и нему правото и на наследство на територијата на којашто живееме. Ако сме Словени треба да кажат каде се нивните родни огништа, за да ја прифатиме таа теорија. Македонците се древен, автоктон народ на овие простори."

Во меѓувреме спорна не е само подалечната туку и поновата историја.Па така во јавноста е создаден впечатокот дека денешните ден на кој се празнуваат двата Илиндена едниот 1903 а другиот 1944 година им припагаат на двете макеоднски најголеми политички партии.Стефоска забележува дека лево определената опција најчесто се иднетификува со антифаштисчката борба и партзанското минато односно со АСНОМ, а десницата се легитимира со историкото ВМРО и илинденското востание. Таквиот однос на политичарите вели таа не е фер пред се кон граѓаните

,,Просто не е коректно во однос на граѓаните што и двата празника се симболи од современата историја на Македонците и стварно нема смисла што постојано се манипулира со мемориите и симболите што овие два празника ги означуваат и симболиката што ја зрачат. Ако забележувате историјата станала самопослуга, од којашто секој си зема што сака, ќе се послужи и ќе си отиде."

Аналитичарите кои што сметаат дека ваквиот развој на настаните нема да и донесе добро на земјата ги прашавме и кој според нив може и треба да реагира за да се смени нивниот тек. Сите кои што мислат поинаку вели Талески:

,,Секој оној којшто сака да ја види Македонија како развиена демократска држава во којашто граѓаните ќе можат да ја уживаат својата слобода, различните слободи кои ги нуди демократијата кои веруваат дека либерализмот е многу подобра идеологија, и политичка пракса отколку национализмот треба да преземат акција. Тоа ќе биде спој на политички партии, интелектуална либерална јавност, медиуми."

Според Исмаил пак оние кои би требало да бидат главни актери во создавањето на против тежа однсоно опозицијата , медиумите и невладниот сектор во моментов не се во одбра состојба:

,,Рецептурата е измислена одамна, со тоа што за таа рецептура кај нас елементите се во почетна фаза. Имено, нашата опозиција, или тоа што сега е опозиција си допушти во изминатите деценија и кусур транзиција да биде дискредитирата на разни начини, односно и таа со своето дејствување придонесе да биде диксредитирана, односно некредибилна во мобилизирањето на поинаквото мислење. Исто така, во таа рецептура што подразбира слободен медиумски простор или на пример јак граѓански сектор исто така ние имаме проблем, со оглед на тоа што медиумите се со една стратегија, добро измислена стратегија на владеачката политичка десничарска елита. "

Очекувањата на професорот Мурати се дека нацинализмот за кој што смета дека го генерира владеачката партија ке спласне сам по себе

,,Национализмот на ВМРО му служи за победа на изборите. Тоа можеби беше така наметнато во моментот како појава, но полека ќе почне да спаснува."
XS
SM
MD
LG