Достапни линкови

Дарфур: Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на мировните сили во Дарфур


Советот за безбедност на Обединетите нации за уште една година им го продолжи мандатот на мировните сили во суданскиот регион Дарфур. Соединетите држави и покрај поддршката на мисијата гласаа воздржано поради тоа што Африканската унија изразила загриженост затоа што Меѓународниот кривичен суд покрена обвинение за геноцид против суданскиот претседател Омар Хасан Башир. Африканските земји сметаат дека со обвинението се намалуваат шансите за постигнување мир во Дарфур.
XS
SM
MD
LG