Достапни линкови

Македонските стопанственици ја поздравуваат идејата и бараат неодложен старт


По најавите на Министерството за градежништво, транспорт и комуникациии на Албанија за изградба на патна магистрала меѓу Тирана и Скопје, македонските власти и институции сеуште не се запознаени со ваквиот проект. Но македонските бизнисмени ја поздравуваат оваа иницијатива, бидејќи како што велат тие, со изградбата на овој автопат ке се овозможи подем на стопанството и на двете земји.

Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека ова инвестиција треба да има примарно значење и за нашава земја и за Албанија, порачувајки им на македонските власти веднаш да донесат одлука и да издвојат средства за изградба на делот кој што треба Македонија да го заврши.

„Изградбата на таков авто пат, а во втора фаза може да се смета и на изградба на железничка пруга до Тирана и Драч ќе овозможи поефтин начин на дотур на стоки за македонските стопанственици. Пред се мислам за увозот на репро материјали и суровини, па и на готови стоки, како и за стоки за извот од Република Македонија преку пристаништето во Драч.“

И сопственикот на кланица Русе Стефановски ја истакнува важноста на овој автопат за македонските бизнисмени.Тој вели дека овој проект не само што ке придонесе за поврзување на Македонија со Албанија, туку и со цела Европа.

„Ние воглавно транспортот за Италија и Европа е многу поефтин преку Јадранско Море и Драч, трошоците се помали. Ако се изгради патот, ќе нема никакви проблеми и 90 насто ќе го пренасочат сообраќајот во тој правец.“

Инаку албанските власти им издаде наредба на фирмите кои работат на ова магистрала да ги забрзаат работите на проектот.Патната магистрала која уште е и наречена „патот на Арбер“ ќе ги поврзува Тирана и Скопје преку Тетово.До границата со Македонија патот ќе биде во должина од 75 километри.
XS
SM
MD
LG