Достапни линкови

logo-print

Мамка од меѓународната заедница за притисок за решавање на спорот, оценуваат експертите


Повторно два термина се споменуваат како крајни или клучни за решавање на спорот со името со Грција. По изјавата на америакснката амбасадорка Милованович дека во декемви е можно решение вчера портпаролот на грчкото министертво за надворешни работи Кумуцакос рече дека септемрви ке биде исклучителчно важен месец за македонско грчките преговори. Но и претходно постоеја рокови кои што поминаа и се сметаа за клучни но до нив ништо не се случи. Компромис во спорот требаше да се најде до самитот на НАТО во Букурешт а по ветото на нашиот влез решение се очекуваше до 9 Јули кога Албанија и Хрватска ги потпишаа протоколоти за пристапување во алијансата .

Аналитичарот Мерсел Биљаљи вели дека не е невозможно до овие нови термини да се најде решение но како што додава тој лично не очекува таков исход.Според него целта на пласирање на рокови во јавноста е да се направи притисок врз Македонија да работи на решавање на спорот

„Мислам дека полека меѓународната заедница и главните играчи сфаќаат дека Македонија не е многу волна за пристап во евро атлантските процеси и повеќе е фокусирана кон некои национални прашања, така што тоа е порака да се врати Македонија во потребниот колосек.“

Професорот по мегународно право Васил Тупурковски пак смета дека владата во Скопје во решавањето на спорот не треба да се врзува за роковите

„Роковите сега не се ни битни, затоа што процедурите за НАТО се завршени во оваа фаза. Така што, мислам дека тоа е притисок повеќе и мамка од меѓународната заедница, дека за некој даден рок којшто нас ни изгледа примамлив, бидејќи е за два, три или пет месеци би можеле да дојдеме до членство во НАТО.“

По вчерашната најава пак на македонската влада дека ке им помиогне на протераните македонци во врска со адвиокатите кои ке ги застапуваат во судовите пред кои тие ке ги бараат своите имото Биљаљи вели дека тоа е всушност вистнкиот начин за решавање на овој проблем

„Приватната сопственост е заштитена, така што единствено место за тоа е судот. Може малку да помогне политиката таму, си има судски процес.“

Експертот по мегународно право Јана Лозановска пак спротивно од Биљали смета дека прашањето треба да се отвори и на политичко и на правно ниво

„Тоа заедно оди, треба да се работи и билатерално, и мултирателално, на институционално ниво во Советот за Европа, ОБСЕ, ОН.“
XS
SM
MD
LG