Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Кина со итен план за намалување на загадувањето во Пекинг


Поради загриженоста од загаденоста на воздухот во Пекинг за време на Олимписките Игри, Кина денеска објави итен план за натамошно намалување на емисијата на штетни гасови во наредните денови. Меѓу другото, ќе бидат затворени уште 200 фабрики и ќе бидат воведени дополнителни рестрикции за возењето автомобили. Кина и претходно ги почна драстичните мерки против загадувањето во Пекинг, со забрана за користење на половина од околу 3 ипол илади автомобили и затворање фабрики во градот и околината.
XS
SM
MD
LG