Достапни линкови

logo-print

Во Хаг очекуваат долг и сложен процес


Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ попладне за прв пат ќе биде изведен пред Хашкиот трибунал. На Караџиќ, всушност ќе му биде овозможено да се изјасни по единаесетте точки од обвинението кое го товари за геноцид и за злосторства против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина. За тоа има рок од триесет дена. Во Хаг очекуваат долг и сложен судски процес.

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, по вчерашното израчување на Радован Караџиќ, изјави дека неговиот тим е подготвен да ги докаже сите наводи од обвинението, дури и оној за геноцид со што неговите претходници во претходните случаи имаа проблеми:

„Нема сомнение дека судењето ќе биде сложено, како што впрочем беа и се уште се другите судења во Трибуналот. Обвинителството ќе мора да поднесе голем број докази и да изведе многу сведоци.“

Изјави Брамерц, додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни и неколку месеци. Според Џефри Најс поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал во процесот против Слободан Милошевиќ, не е многу веројатно судењето на Радован Караџиќ да почне во оваа година:

„Јасно е дека тоа нема да биде краткотраен процес. Од друга страна верувам дека доказниот материјал против Караџиќ, и географски и временски, е потесно фокусиран отколку оној против Милошевиќ. Како и да е, судењето не би смеело да трае колку што траеше она на Милошевиќ.“

Вели Најс за Радио Слободна Европа, кој во врска со најавата на Караџиќ и тој да се брани сам оценува дека Трибуналот собрал доволно искуство од самостојните одбрани на Милошевиќ и на Шешељ и оти може подобро да го контролира овој процес. Во врска со тоа дали Караџиќ на судењето би можел да изнесе некои информации кои би биле компромитирачки и за меѓународните актери Џефри Најс вели:

„Не знам дали тој поседува таков материјал, но очигледно постои добро документарина хипотеза дека би можеле да излезат на светло на денот информации непријатни за Запад, посебно оние дека Западот бил посматрач на заземањето на Сребреница.“

Наведува Најс, додавајќи дека обвинението против Караџиќне се занимава со трагите кои водат до одговорноста на Белград и Милошевиќ, туку дека се однесува само на она што се случувало во Босна. Тоа, според Најс, е несреќна околност и е резултат од начинот на кој било составувано обвинението во Хаг. Инаку, во јавноста веќе почнаа да се појавуваат некои шпекулации за она што им го го изјавил Караџиќ на српските судски власти по неговото апсење пред десетина дена во Белград. Една од нив е дека тој имал постигнато договор со американскиот пратеник за Балканот Ричард Холбрук оти нема да биде испорачан на Хашкиот трибунал ако се повлече од политичкиот и јавниот живот. Вакви наводи имаше и претходно, но Холбрук постојано ги демантира.
XS
SM
MD
LG