Достапни линкови

Во Македонија владее родовска заедница - обвинува опозицијата, власта вели има напредок во реформите


Судството во Македонија се повеке се политизира сметаат од опозицијата.Цветанка Иванова од Социјал демократскиот сојуз вели дека последниве настани кои се случија во судскиот совет и во начинот на избор на членови во Врховниот и Уставниот суд,како и некои одлуки на одредени судии само ја потврдуваат политизацијата во судството.

„Оваа власт не го сфатила уставното начело на модерните демократски држави, дека мора да има поделба на власта. Овдека не само што нема поделба, туку практично владее родовска заедница.“

Токму поради овие проблеми во македонското судство,Иванова смета дека во ова институција не се спроведуваат реформите.

„За какви реформи се зборува? Сега ќе видите. Следете ги сите послушници во судството што извршуваат наредби. Времето ќе покаже зошто го прават тоа. Нема реформи.“

Од владеачката ВМРО,пак се со спротивно мислење.Илија Димовски од редовите на ова партија посочува дека во последните неколку извештаи на меѓународните институции е констатиран значителен напредок во реформите и во деполитизација на судството.

„Јас би потсетил дека во скоро време беа формирани Републичкиот судски совет, како гаранција дека судиите нема да бидат повеќе бирани од парламентот. Деновиве ќе се формира и Советот на јавни обвинители, исто така како гаранција дека обвинителите нема повеќе да ги бираат политичките партии, односно парламентот.“

И државниот секретар во Министерството за Правда, Нуман Лимани уверува дека во судството нема политизација. На обвинувањата од СДСМ за родбинската врска на претседателот на врховниот суд со претседателот на собранието Трајко Вељановски,Лимани одговара:

„Би сакал во тој дел да бидам правилно сфатен, но Македонија е мала држава. Не може да се исклучи кумството меѓу една и друга фамилија. Ако се оди така, ќе треба доста работи да добијат и негативен тек, што не е добро.“

Од досегашното мониторирање на судството нашите набљудувачи немаат аргументитрани факти дека судството е политизирано велат од Коалицијата за правично судење.

„Ако има политизација, тоа сигурно ќе влијае на реформите и нема да биде позитивно. Да се надеваме дека она што го имаме како искуство е блиску до реалната слика.“

изјави Петре Мркев претседател на организацијата.
XS
SM
MD
LG