Достапни линкови

Анкара: Премиерот Едроган ја поздрави одлуката на Уставниот суд за неукинување на неговата партија


Турскиот премиер Реџеп Таир Ердоган доцна синоќа изјави дека одлуката на Уставниот суд да не ја забрани владејачката Партија на правдата и развојот која беше обвинета за обид да го урне секуларниот карактер на државата, и става крај на кризата во Турција. Ердоган нагласи дека Партијата ќе продолжи да ги почитува вредностите на секуларниот карактер на државата. Претседателот на Уставниот суд изјави и дека оваа партија сепак ќе биде санкционирана со укинување на финансиската помош од државата.
XS
SM
MD
LG